1:21-24;2:1-4
| 21. | Бог е Оној, Кој нe утврди со вас во Христа и нe помаза; | 
| 22. | Он и нe запечати и ни даде залог на Духот во срцата наши. | 
| 23. | А јас Го повикувам Бога за сведок на мојата душа, дека, штедејќи ве вас, не дојдов во Коринт досега; | 
| 24. | но не како ние да владееме со верата ваша, туку сме помагачи на вашата радост, бидејќи во верата вие сте тврди. | 
| 1. | И така, решив во себеси да не доаѓам при вас со жалост, | 
| 2. | зашто, ако јас ве нажалам, тогаш кој ќе ме зарадува, ако не оној, кого сум го ожалостил? | 
| 3. | Тоа исто и ви го напишав, та, кога ќе дојдам, да не ме огорчат оние, кои треба да ме зарадуваат; бидејќи сум уверен во сите вас дека мојата радост е радост и за сите вас. | 
| 4. | Оти од многу грижи и од тага на срцето ви напишав со многу солзи, не за да ве огорчам, туку зада ја познаете преголемата љубов, што ја имам кон вас. |