6:11-18
| 11. | Ете колку многу ви напишав со својата рака. | 
| 12. | Оние што сакаат да се фалат по тело, тие ве принудуваат да се обрезувате, само за да не бидат гонети поради крстот Христов. | 
| 13. | Оти, и оние, што се обрезуваат, сами не пазат на Законот, а сакаат вие да се обрезувате, за да се пофалат со вашето тело; | 
| 14. | а мене, да не ми даде Господ да се фалам со нешто друго, освен со крстот на нашиот Господ Исус Христос, преку Кого за мене светот е распнат, а и јас за светот. | 
| 15. | Зашто во Исуса Христа ниту обрезанието има некаква сила, ниту необрезанието, туку новата твар. | 
| 16. | На оние што постапуваат по тоа правило, нека биде мир и милост, ним и на Израилот Божји! | 
| 17. | И така, никој да не ми досадува веќе, зашто јас ги носам на своето тело раните на Господа Исуса. | 
| 18. | Благодатта на нашиот Господ, Исуса Христа нека биде со вашиот дух, браќа, Амин! |