2:4-10
| 4. | но Бог, богат со милост, поради големата Си љубов, со која нe засака, | 
| 5. | иако бевме мртви поради гревовите наши, нe оживе со Христа | 
| 6. | и нe воскресна со Него и постави на небесата во Христа Исуса, | 
| 7. | за да им го покаже на идните векови преизобилното богатство на Својата благодат во добрина кон нас преку Христа Исуса, | 
| 8. | зашто по благодат сте спасени преку верата; и тоа не е од вас – Божји дар е; | 
| 9. | не е од дела, да не би некој да се пофали. | 
| 10. | Оти ние сме Негова творба, создадени во Христа Исуса за добри дела, што Бог ги предодредил уште од порано да ги вршиме. |