8:8-13;9:1-2
| 8. | Храната не нe приближува кон Бога, оти ниту што добиваме, ако јадеме, ниту нешто губиме, ако не јадеме. | 
| 9. | Но пазете се, пак, таа ваша слобода да не стане некако соблазан за слабите. | 
| 10. | Зашто ако некој те види тебе, што знаеш, како седиш на трпеза во идолопоклонички храм, нема ли неговата совест, бидејќи слаба, да се одлучи, та и тој да јаде идолски жртви? | 
| 11. | И при твоето знаење ќе загине немоќниот браат, за кого умрел Христос. | 
| 12. | И така, грешејќи против браќата и ранувајќи ја нивната слаба совест, вие грешите против Христа. | 
| 13. | Затоа, штом храната го соблазнува мојот брат, тогаш нема никогаш да јадам месо, за да не го соблазнувам својот брат. | 
| 1. | Не сум ли јас апостол? Не сум ли слободен? Не Го видов ли Исуса Христа, нашиот Господ? Не сте ли вие мое дело во Господа? | 
| 2. | Ако на други не сум апостол, но на вас сум, бидејќи печатот на моето апостолство сте вие во Господа. |