11:19-26;11:29-30
19. | А оние, што се беа распрснале поради гонењето заради убиството на Стефана, стигнаа дури до Феникија, Кипар и Антиохија, не проповедајќи го словото никому освен на Јудејците. |
20. | А некои од нив – Кипрани и Киринејци, штом влегоа во Антиохија, им зборуваа на Елините, проповедајќи им го Евангелието на Господа Исуса. |
21. | И раката Господова беше со нив, та голем број луѓе поверуваа и се обрнаа кон Господа. |
22. | И дојде слух за нив до ушите на црквата ерусалимска; и го испратија Варнава да отиде во Антиохија. |
23. | А тој, кога пристигна, ја виде благодатта Господова, се зарадува, и со искрено срце ги молеше да пребиваат во Господа; |
24. | оти тој беше човек добар и исполнет со Дух Свети и вера. И многу народ се присоедини кон Господа. |
25. | Тогаш, пак, Варнава отиде во Тарс да го бара Савла; и откако го најде, го доведе во Антиохија. |
26. | И цела година тие се собираа во црквата и поучуваа многу народ; и најнапред во Антиохија ги нарекоа учениците христијани. |
29. | Тогаш учениците решија, секој, со што располагаше, да испрати помош на браќата, што живееја во Јудеја; |
30. | и тоа го направија, откако го пратија собраното до старешините преку Варнава и Савла. |