8:28-34;9:1
| 28. | И кога пристигна на другата страна во земјата Гергесинска, Го сретнаа двајца бесни, излегле од гробиштата; беа толку лоши што не смееше никој да мине по тој пат. |
| 29. | И ете, извикаа и рекоа: „Што имаш со нас Ти, Исусе, Сине Божји! Зар си дошол тука предвреме да нe мачиш?” |
| 30. | А далеку од нив пасеше голем број свињи. |
| 31. | И бесовите Го молеа и говореа: „Ако нe изгониш, позволи ни да отидеме во свињине!” |
| 32. | И Он им рече: „Отидете!” И тие излегоа и отидоа во свињите. И одеднаш сите свињи се сурнаа низ стрмнината во морето и се издавија во водата. |
| 33. | А свињарите побегнаа и, штом дојдоа во градот, раскажаа за сето тоа и за она, што се беше случило со бесните. |
| 34. | И ете, излезе целиот град да Го пресретне Исуса и, кога Го видоа, Го замолија да си отиде од нивниот крај. |
| 1. | Тогаш Он влезе во еден кораб, се врати назад и пристигна, во својот град. |