18:23-35
| 23. | Затоа царството небесно прилега на цар, кој побарал да ја расчисти сметката со своите слуги. |
| 24. | Кога почна да ја расчистува сметката, доведоа при него еден што му должеше десет илјади таланти; |
| 25. | па, бидејќи немаше со што да плати, господарот негов нареди да го продадат него, и жена му, и децата негови, и сe што имаше, за да наплати. |
| 26. | Тогаш тој слуга падна пред него на колена и му се клањаше говорејќи: »Господаре, стрпи се спрема мене и сe ќе ти платам.« |
| 27. | А Господарот на тој слуга, кога се смилува, го пушти и му го прости долгот. |
| 28. | Слугата, пак, штом излезе, најде еден од другарите свои, кој му должеше сто динарии, и кога го фати, го давеше и му велеше: »Исплати ми што ми должиш!« |
| 29. | Тогаш неговиот другар падна ничкум пред нозете негови, го молеше и велеше: »Стрпи се спрема мене и сe ќе ти исплатам!« |
| 30. | Но тој не сакаше, туку отиде и го фрли во затвор, дури не му го исплати долгот. |
| 31. | Другарите, пак, негови, кога го видоа тоа што стана, многу се огорчија, па отидоа и му кажаа на својот господар за сe што се случи. |
| 32. | Тогаш господарот негов го повика и рече: »Лукав слуго, јас ти го простив целиот долг, зашто ми се молеше; |
| 33. | не требаше ли и ти да се смилиш над својот другар, како што се смилив и јас над тебе?« |
| 34. | И се разгневи господарот негов, па го предаде на мачители, додека не му го исплати целиот свој долг. |
| 35. | Така и Мојот Отец небесен ќе направи со вас, ако секој од вас не му ги прости од срце гревовите на брата си.” |