7:11-16
| 11. | И се случи потоа да оди во градот наречен Наин; и со Него одеа мнозина Негови ученици и многу народ. | 
| 12. | А кога се приближи до градската порта, ете, изнесуваа мртовец, единствен син на мајка си, а таа беше вдовица; и многу народ од градот одеше со неа. | 
| 13. | Штом ја виде Господ, се сожали на неа, па ? рече: „Не плачи!” | 
| 14. | И кога се приближи, се допре до носилото; носачите застанаа, а Он рече: „Момче, тебе ти велам, стани!” | 
| 15. | Мртовецот стана и седна, и почна да зборува; и Он го предаде на мајка му. | 
| 16. | И страв ги опфати сите, и Го славеа Бога и велеа: „Голем пророк се јави меѓу нас.” и „Бог го посети Својот народ.” |