10:32-45
| 32. | Кога беа на пат, искачувајќи се за Ерусалим, Исус одеше пред нив, а тие беа уплашени, па, врвејќи по Него, се боеја. И кога ги повика повторно дванаесетте, почна да им зборува за она што ќе се случи со Него. | 
| 33. | Ете, се искачуваме кон Ерусалим и Синот Човечки ќе биде предаден на првосвештениците и книжниците, и ќе Го осудат на смрт и ќе Го предадат на незнабошците. | 
| 34. | И ќе Го исмеат, и ќе Го бијат, и ќе Го плукаат, и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе воскресне. | 
| 35. | Тогаш пристапија кон Него Зеведеевите синови, Јаков и Јован, и рекоа: „Учителе, сакаме да ни направиш она, што ќе побараме.” | 
| 36. | Он ги праша: „Што сакате да ви направам?” | 
| 37. | А тие Му одговорија: „Дај ни да седнеме до Тебе, едниот оддесно, а другиот одлево, во славата Твоја.” | 
| 38. | Но Он им рече: „Не знаете што барате. Можете ли да ја испиете чашата што ја пијам Јас и да се крстите со крштавањето, со кое се крштавам Јас?” | 
| 39. | Тие одговорија: „Можеме.” А Исус им рече: „Чашата, што ја пијам Јас, ќе ја пиете и вие, и со крштавањето, со кое се крштавам Јас, ќе се крстите; | 
| 40. | но, да позволам да се седи од Мојата десна или лева страна, не зависи од Мене; тоа е за оние, за кои е приготвено.” | 
| 41. | Десетте, пак, штом го чуја тоа, негодуваа против Јакова и Јована. | 
| 42. | А Исус, кога ги повика, им рече: „Знаете дека оние, што се сметаат кнезови народни, господарат над нив, и управниците управуваат над нив. | 
| 43. | Но меѓу вас нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга; | 
| 44. | и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде роб на сите. | 
| 45. | Зашто и Синот Човечки не дојде за да Му служат, но да послужи и да ја даде душата Своја за откуп на мнозина.” |