Пролог: Светите маченички Кирјакија, Валерија и Марија
 

 

Житие: Светите маченички Кирјакија, Валерија и Марија

Календар, житија, пости
Почеток
 
Овие три маченички беа од Кесарија Палестинска. Кога беа прогонувани христијаните, тие се повлекоа од градот во една колиба и таму непресушно Му се молеа на Бога, постејќи и плачејќи, верата Христова да се спростре по целиот свет, а гонењето на Црквата да престане. Некој ги наклевети, па ги изведоа на суд. Мачени и убиени во 304 година. Тогаш овие славни девици се украсија со невенливи маченички венци.