Житие: Преподобен Јован Психаит
Од светот се оддалечи рано во младоста и се повлече во Психаитската Лавра во Цариград. Таму заради љубовта Христова се подвизуваше многу години. Во 8 век претрпе прогонство поради иконопочитување.
Тропар
Потоци солзи изли, блажен Јоване, за вистината чиста да се проповеда, и ревност мажествена покажа во исповедањето на иконите свети. Заштити н?, Господи, по молитвите на преподобниот, кој закрилен со благодатта Твоја, мноштво победи однесе над демоните со неговото смирение, во слава на Светото Име Твое.