Житие: Преподобен Зосим, епископ на Нов Вавилон, град мисирски.
Се подвизуваше на Синајската Гора. Дојде по работа во Александрија, но тогаш беше посветен за епископ Вавилонски од блажениот патријарх Аполинариј. Пресветол пастир на Христовото стадо. Кога го совладаа староста и уморот, се повлече повторно на Синај, кај што ја предаде душата своја на Бога и прими венец на слава меѓу јерарсите. Живееше и се упокои во 6 век.
Тропар
Пустината ги исуши страстите твои, о Зосиме преподобен, и благодатта те подготви за жезол пастирски да наследиш во слава Господова. Достојно монаштво кон спасение приведе, оче свет, надеж во Господа полагајќи, и сега моли се, свет епископе, да се спасат нашите души.