Пролог: Светата маченичка Теодосија Тирска
 

 

Житие: Светата маченичка Теодосија Тирска

Календар, житија, пости
Почеток
 
Во времето на царот Максимијан во Кесарија Палестинска стоеја еден ден пред преторијата мнозина врзани христијани. Оваа благочестива девица Теодосија им пристапи и ги ублажуваше и ги храбреше за маченичката смрт. Кога ја слушнаа што зборува, војниците ја одведоа и нејзе пред судијата. Разјарен судијата нареди и ? обесија камен на вратот, па ја фрлија во морските длабочини. Но ангелите Божји ја изнесоа жива на брегот. Кога повторно му се јави на судијата, овој нареди да ја убијат со меч. Идната ноќ Теодосија им се јави на нејзините родители сета во величествен небесен сјај, опкружена со многу други спасени девојки и им рече: „Гледате колкава е славата и благодатта на мојот Христос од Когошто сакавте да ме лишите?“ А ова им го рече на родителите зашто ја одвраќаа од исповедањето и мачеништвото за Христа. Чесно пострада и се прослави во 308 година.

Тропар
Теодосија света, славна маченичке, Христова девственичке од чија утроба Спасителот гулабица чиста изнедри, моли се за нас ти, која мноштво венци придоби и благодатно кон Небесата восходи да се сретнеш со Оној Кој рака ти подаде.