Житие: Светите маченици Фронтасиј , Северин, Северијан и Силан
Мачени во времето на царот Клавдиј, во Франција. Кога им беа отсечени главите тие станаа, си ги зедоа своите глави в раце, преминаа преку реката Ил и дојдоа до црквата на Пресвета Богородица, во којашто се молеше епископот Фронтон. Штом влегоа в црква, ги положија своите глави пред нозете на епископот, па легнаа и си ги прекрстија рацете на градите. Овде беа чесно погребани. На нивниот погреб се слушаше пеење на невидливите војски ангелски.
Тропар
Главата ваша, Христос Спасителот, го сочува умот просветлен во телата маченички, о Фриинтасие, Северине, Северијане и Силане, а Богомајката чесно ве пречека уште на земјата, воведувајќи ве во слава Божја на Небесата, каде сега за нас молете се, радувајќи се во сладоста неискажлива.