Евангелие и поука на ден
 

 

Евангелие и поука за 31/10/2025

Почеток
 
 

Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Лука 10:16-21

16. Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша; и кој се откажува од вас, од Мене се откажува; а кој се откажува од Мене, се откажува од Оној што Ме пратил.”
17. Се вратија, пак, седумдесетте со радост и велеа: „Господи, во Твое име и бесовите ни се покоруваат.”
18. А Он им рече: „Го видов сатаната дека падна од небото како молња!
19. Еве, ви давам власт да настапувате на змии и скорпии, и на секаква непријателска сила; и ништо нема да ве повреди;
20. но не радувајте се на тоа, дека духовите ви се покоруваат, а радувајте се, што се имињата ваши напишани на небесата.”
21. Во тој час се возрадува Исус во духот и рече: „Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил ова од мудрите и разумните, а си го открил на простите. Така е, оти таква беше волјата Твоја.”

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 9:12-18

12. А денот почна да намалува. И се приближија до Него дванаесетте и Му рекоа: „Отпушти го народот да оди по околните села и колиби на ноќевање и да си најде храна; оти овде сме во пусто место.”
13. Но Он им рече: „Дајте им вие да јадат!” Тие одговорија: „Ние немаме повеќе од пет лебови и две риби, освен ако отидеме и купиме храна за сите овие луѓе.”
14. А тие беа околу пет илјади души. Но Он им рече на учениците Свои: „Кажете им да поседнат на купчиња по педесет.”
15. И направија така, и ги поредија сите.
16. А Он, кога ги зеде петте лебови и двете риби, погледна кон небото, ги благослови, за да ги стават пред народот.
17. И јадеа, и се наситија сите; и кренаа од останатите парчиња дванаесет кошеви.
18. Еднаш, кога Исус се молеше насамо и учениците Негови беа со Него, Он ги праша: „За кого Ме мисли народот?”

Апостол на празник: Послание на светиот апостол Павле до Колосјаните 4:5-18

5. Спрема надворешните однесувајте се благоразумно, ползувајќи го времето!
6. Зборот ваш секогаш да биде благодатен, зачинет со сол, за да знаете како треба на секого да му одговарате!
7. Што се однесува до мене, сe ќе ви соопшти Тихик, љубениот брат и верен служител и сотрудник во Господа,
8. кого нарочно поради тоа го испратив при вас, за да разбере како сте и да ви ги утеши срцата ваши,
9. заедно со Онисим, верниот и омилен наш брат, кој е од вас; тие ќе ви раскажат сe што станува овде,
10. Ве поздравува Аристарх, кој е затворен со мене, и Марко, внукот на Варнава – за кого добивте заповед: ако дојде при вас, примете го.
11. Исто така и Исус, наречен Јуст; тие се од обрезаните и единствени сотрудници за царството Божјо, кои ми беа утеха.
12. Ве поздравува од вашите Епафрас, служител на Исуса Христа, кој секогаш во молитвите свои се грижи, да бидете совршени и исполнети со секаква волја Божја.
13. Сведочам за него дека тој има голема ревност и грижа за вас и за оние што се во Лаодикија и Ерапол.
14. Ве поздравува Лука, возљубениот лекар, и Димас.
15. Поздравете ги браќата во Лаодикија, и Нимфана, и неговата домашна црква!
16. Откако ова послание се прочита при вас, направете да се прочита и во Лаодикијската црква, а она од Лаодикија да го прочитате и вие.
17. Кажете му на Архип: „Гледај ја службата, што си ја примил во Господа, да ја извршуваш!”
18. Своерачен поздрав од мене, Павла. Помнете ги оковите мои! Благодат меѓу сите вас. Амин!

Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Колосјаните 2:1-7

1. Сакам да знаете, во каква голема борба сум заради вас и заради оние, што се во Лаодикија и во Јерапол, и поради сите, кои што не ме видоа лично,
2. за да се утешат срцата нивни, та, соединети со љубов за секое збогатување со совршено разбирање, да ја познаат тајната на Бога и Отецот и на Христа,
3. во Кого се сокриени сите сокровишта на премудроста и познавањето.
4. А ова ви го велам за да не ве измами некој со примамливи зборови;
5. оти, ако и да сум отсутен со телото, со духот сум при вас, радувајќи се и гледајќи го вашиот ред и вашата тврда вера во Христа.
6. Поради тоа, како што Го примивте Господа Исуса Христа, така и одете по Него,
7. вкоренети и утврдени во Него и укрепени во верата, како што сте научени, изобилувајќи во неа со благодарност.

Поука на денот: Свети Нил Синајски

Оној кој сака вистински да се моли треба не само да владее над гневот и похотта туку да ? биде туѓ и на секоја страсна помисла.