Анкета во ЕУ (03.03.2007)
 Повеќе од половина жители на земјите од Европската унија – околу 53% - ја сметаат религијата за важен елемент на својот живот, се вели во резултатите на истражувањето што го спроведе луксембуршката статистичка агенција при ЕУ, „Евростат“.
Повеќе од половина жители на земјите од Европската унија – околу 53% - ја сметаат религијата за важен елемент на својот живот, се вели во резултатите на истражувањето што го спроведе луксембуршката статистичка агенција при ЕУ, „Евростат“. 
Како што пренесува Интерфакс, околу 49,5% Европјани се изјаснуваат како католици, 12,7% се протестанти, 8,6% се православни, 15,7% се муслимани, 0,4% се изјаснуваат како евреи. Притоа 46% од 27000 испитаници во 27 земји на ЕУ, според нивно сопствено признание, не ја ставаат религијата на сериозно место во својот живот, околу четвртина испитаници (25,4%) се изјаснуваат како нерелигиозни.
Најголемо внимание на верските прашања им посветуваат Малтежаните (88%), Полјаците (87%), како и Кипарците, Грците и Романците (86%). Во исто време околу 70% население на Белгија и Чешка не ја сметаат религијата ни најмалку важна.  
Според зборовите на истражувачите, историската поделба на Германија на Запад и Исток до ден-денес се одразува на религиозните ставови на жителите од оваа земја. Во западна Германија религијата ја сметаат за важна 53% од населението, додека во источниот дел вака се изјаснуваат само 26%.
Анкетата исто така покажа дека европските жени пројавуваат поголема религиозност – 58% наспроти 45% мажи, соопштува сајтот Crosswalk.
Известува: http://www.patriarhia.ru/db/text/206119.html
 
 


