Православното образование во Кенија (12.06.2008)
Околу 
160 африкански студенти неодамна дипломираа на Патријаршиската семинарија и на 
Педагошкото училиште на Православната архиепископија во Најроби, Кенија 
(Александриска Патријаршија).
Свеченоста 
на доделувањето на дипломите се одржа во присуство на потпретседателот на 
Кенија, странски пратеници и илјада Африканци, роднини и пријатели на 
Архиепископијата.
Неговото 
Блаженство Митрополитот на Кенија Макариј рече дека Педагошкото училиште е 
формирано пред четири години, а Патријаршиската семинарија „Архиепископ Макариј 
ІІІ“ – пред 25 години, од каде што досега дипломирале 100 души – учители и 
свештеници.
Дипломите 
на Патријаршиската семинарија се признати од европските и американските 
универзитети. Дипломираните студенти потекнуваат од различни африкански 
земји – Кенија, Уганда, Танзанија, Зимбабве и Конго.
Семинаријата 
се грижи за младите Африканци, кои после образованието служат како 
свештеници и мисионери на африканскиот континент.
Во 
Кенија има околу 200 православни свештеници, 300 парохии и повеќе од еден милион 
православни Африканци. 
Студентите 
од Педагошкото училиште се од Кенија и нивното назначување за учители е 
загарантирано веднаш штом ќе дипломираат.
Неговото Блаженство рече дека студентите на Православната патријаршиска семинарија „Архиепископ Макариј ІІІ“ во Најроби сѐ добиваат бесплатно, вклучувајќи храна и сместување, а половината од студентите во Педагошкото училиште добиваат стипендии од Архиепископијата.
извор: Православие.бг
 
 


