Во Прага се гради нов православен храм (14.11.2012 13:04)
 Нов православен храм посветен на света Људмила, покровителка на Чешка, веќе за Божик ќе ги отвори вратите за верниците на чешката престолнина. Храмот се гради во северо-западниот дел на Прага, во близина на познатиот парк „Стромовка“.

Црквата на Успението на Пресвета Богородица на Олшанските гробишта, којашто припаѓа на Чешката Православна автономна Црква е подигната во 20-тите години од минатиот век и не може да ги прими сите кои доаѓаат на богослужба, како ни храмот на свети Георгиј, кој припаѓа на Руската Православна Црква и кој се наоѓа на територијата на Руската амбасада. Затоа беше неопходно да се започне со изградба на нова православна црква. 
Света маченичка Људмила Чешка (860-921) е заслужна за ширењето на Православието на Чешките земји и затоа и е убиена од претставниците на паганската власт.
Извор: Светигора