Во Сирија е киднапиран православен архиереј (29.04.2013 10:18)
Како што соопштува сајтот на Северноамериканската Архиепископија на 
Антиохиската Патријаршија, како и многубројни новински агенции, во текот на 
ноќните часови на 22 април 2013 г., киднапирани се Алепскиот Митрополит Павле 
(Јазиги) на Антиохиската Патријаршија и Мар Григориј Јохана Ибрахим – Алепски 
Митрополит на Сириската (Дохалкидонска) Црква, додека нивниот возач е убиен на 
самото место.
Нападот се случил во предградието на сирискиот град Алепа, во кој 
архиереите се враќале од Антиохија (денешна Антакија во 
Турција).
Митрополитот Павле е роден брат на Антиохискиот Патријарх Јован X.
| 
 | 
 | 
Извор: Светигора
 
 




