Рождество Христово во соборниот храм во Гостивар (07.01.2010)
    
07. јануари 2010 лето Господово по повод празникот  Рождество Христово Божик, во соборниот храм посветен на Пресвета Богородица во Гостивар, Митрополитот Полошко-Кумановски Господин Кирил одслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештениците од Гостиварското Архиерејско намесништво а во присуство на голем број верници од Гостивар и Гостиварско.
Митрополитот Господин Кирил во својата беседа  го прочита годишното   традиционално Божиќно послание  од Светиот Архиерејски Синод  на Македонската Православна Црква, и на верниците во преполниот соборен храм  им го честита големиот христијански празник Рождество Христово - Божик, и им посака мир, крепко здравје и благосостојба во своите домови.
Веднаш потоа Митрополитот Господин Кирил ги прережа кумските колачи принесени од кумовите во дворот на црквата покрај богатата братска и сестринска трпеза на љубовта.
 
         
 
         
 
        
                                                                                                                             Подготвил: Диме Змејкоски



