Велик Петок во соборниот храм на светите Кирил и Методиј во Тетово (13.04.2012)
    
На 13 април (Велик Петок) 2012 лето Господово, во соборниот храм на светите Кирил и Методиј во Тетово беше извршен чинот на погребението Христово од страна на нашиот надлежен епархиски архиереј Митрополитот Полошко-Кумановски г. Кирил, а во сослужение на повеќе свештенослужители од Тетовското Архиерејско намесништво. 
Голем број на верници во преполната црква ги проследија статиите на погребението Христово испеани од братското свештенство од Тетово како и женскиот младински хор Менада под диригенство на маестро д-р Ивица Зориќ, предводени од страна на нашиот Митрополит  г. Кирил, а веднаш потоа беше извршен трикратен опход околу црквата носејќи ја  светата Плаштаница пред големата поворка од верниците.
Традиционално како и секоја година на овој ден верниците од Тетово и тетовско посетуваат три цркви, каде се поклонуваат пред Христовиот Гроб и пред Светата Плаштаница молејќи се за мир здравје и бериќет во нивните домови.
 
             
 
             
 
            
подготвил: Диме Змејкоски



