Богојавление во Куманово (19.01.2013 13:23)
     На 19. 01. 2013 година, на празникот Богојавление – Водици, Епископот Лешочки г. Јосиф отслужи Света Архиерејска Литургија во црквата на свети Мина во Куманово, а потоа верниците се причестија. На кумановските верници Епископот г. Јосиф им го објасни празникот и настанот кога Спасителот Господ Исус Христос се крстил во реката Јордан од Предвесникот Јован. Во непосредна близина на црквата свети Мина на ловечкиот базен Епископот Јосиф изврши голем водосвет и го фрли светиот крст во базенот.           Известува: о. Жико Тодоровски 
 
                                    
 
                        
 
            
 
                         




