Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Сочувство за постраданите во Москва (24.03.2024 15:05)

До Неговата Светост

Патријарх Московски и на цела Русија

г. г. Кирил

 

 

Ваша Светост

Длабоко сме нажалени од веста за грозоморниот терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити холл“ во близина на Москва каде животот го загубија многу невини луѓе помеѓу кои и деца.

Сострадувајќи со болката на семејствата на постраданите, од Свое, како и од името на клирот и на верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, искажуваме најискрено сочувство, молејќи се за спасение на душите на починатите, а на повредените им посакуваме побрзо закрепнување.

Ваш во Христа брат и сомолитвеник,

АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

СТЕФАН